Љубов и Секс

Дали флертот секогаш води кон неверство?

Дали флертот секогаш води кон неверство?

Дури и кога сте во сериозна врска или во брак, одреден степен флертување е совршено нормален. Секако дека ќе ви поцрвенат образите кога некое слатко момче ќе ви каже дека имате убава насмевка.

Понекогаш дури можете и да возвратите на флертот затоа што тоа ви прави да се чувствувате добро и да бидете забележани. Овие сценарија се секојдневно и тука се воглавно за забава.

Флертот прави да се чувствуваме младо и атрактивно, а ако веќе сте во врска тоа не значи дека никогаш не треба да флертувате во одредени моменти и со мерка.

Значи главна работа што треба да ја запомните е дека мора да го користите мозокот, да флертувате во одредена мера, а потоа, како што сте започнале, така набрзина да престанете со флертување. Ако играте на овој начин, тогаш ништо лошо нема да се случи.

Ако пак, откриете дека постојано имате потреба да флертувате, или пак станувате вознемирени ако некој не флертува со вас, тоа може да значи дека нешто е „скршено“ во вас или во вашата врска. Константните флертувања мошне често се одлика на несигурност. Потребно ви е вниманието од другите за да се чувствувате добро.

Покрај тоа, оние што се во врска или во брак и на кои им недостасува интимност или секс, на овој начин се обидуваат да ги пополнат празнините.

извор:нетпресс.ком.мк

To top