Љубов и Секс

Дали е нормално да замислувате друга личност за време на сексот?

Дали е нормално да замислувате друга личност за време на сексот?

Ако велите дека не сте го направиле тоа, тогаш сигурно не сакате да признаете пред другите, а можеби не сакате да си признаете ни самите на себе. Можеби не ви се случува постојано, но сигурно сте дошле во ситуација да уживате во интимните моменти со вашиот партнер и одеднаш да почнете да замислувате некој друг. Секако дека се чувствувате виновни поради тоа и можеби размислувате дали треба да му кажете на вашиот партнер. Дали тоа се смета за некаков вид на емоционално неверство?

Сосема е нормално да замислувате друга личност за време на сексот. Во една анкета, во која биле испитани 1.300 луѓе, 46% од жените и 42% од мажите кажале дека фантазираат за друга личност за време на сексуалниот однос. За да се намали збунетоста и да се избегне непотребната грижа, потребно е да знаете кога е сосема нормално да замислувате друга личност, а кога тоа е знак дека треба да поразговарате со вашиот партнер.

Еден сексолог од Калифорнија вели дека замислувањето на друга личност не само што е нормална работа, туку понекогаш се препорачува, особено за мажите кои имаат проблем со ерекцијата или за жените кои имаат проблем со доживувањето оргазам. Во тие моменти сосема е нормално да се замислуваат ситуации кои предизвикуваат возбуда. Може да се замислуваат сцени од порно филм или некоја позната личност која отсекогаш ви се допаѓала или едноставно некои ваши тајни фантазии кои сè уште не се чувствувате опуштени да ги направите со партнерот. Замислувањето на друга личност може да ви помогне и интимните игри да ги направите позабавни, особено кога ќе почувствувате дека ви е здодевно или пак се чувствувате нервозни.

До каде е границата?

Иако е сосема нормално и во ред да замислувате друга личност, сепак треба да внимавате која е таа личност која ја замислувате. Секако дека не е добро ако го замислувате вашето поранешно момче или пак ако постојано замислувате една иста личност. Ако ви се случува тоа, тогаш вие имате друг проблем. Замислувањето на различни луѓе, кои воопшто не ги познавате е во ред, но да го замислувате вашето поранешно момче додека водите љубов со вашиот сегашен партнер, воопшто не е добар знак. Исто така, може да настане проблем доколку постојано замислувате други личности и со тоа сосема избегате од искуството кое го доживувате во моментот. Тоа е исто како кога на некоја личност ѝ зборувате, а таа едноставно гледа низ вас и се прави дека ве слуша. Сексот е интимна работа, која треба да ви овозможи взаемно уживање на вас и на вашиот партнер, па затоа бидете внимателни.

Дали треба да му кажете на партнерот?

Секако дека ова не е работа која мора да му ја кажете на вашиот партнер, но доколку ја преминете границата, тогаш можеби тоа значи дека треба да ставите крај на вашата врска. Вашиоте партнер треба да биде тој што ќе ве возбудува постојано, а нормално е понекогаш да замислувате друга личност со цел да доживеете оргазам или повеќе да се возбудите. Но, доколку постојано го замислувате вашето бившо момче или постојано замислувате една иста личност, така што заборавате дека водите љубов со вашиот партнер, тогаш тоа значи дека вашиот партнер не ве возбудува и можеби воопшто не сакате да бидете со него.

Доколку се одлучите да му кажете на вашиот партнер, тогаш внимавајте на начинот на кој му го кажувате тоа. Внимавајте да не го повредите и најпрвин зборувајте отворено за вашите желби и сексуални фантазии. Можеби вие сте на другата страна и се чувствувате како вашиот партнер да има други фантазии за време на сексот, тогаш бидете внимателни кога ќе ја започнете темата на разговор. Работата кај сексуалните фантазии е тоа што тие се навистина многу лични. Не обвинувајте го вашиот партнер и не правете тој да се чувствува виновен. Зборувајте на тој начин дека ви е важна вашата врска и дека навистина чувствувате задоволство со него.

Најважно е да запомните дека не треба да се чувствувате виновни ако тоа не го правите постојано и ако не се врзувате емоционално со личност која ја замислувате. Сепак, вие се познавате себеси. Но, ако почувствувате нешто поразлично во врска со личноста која ја замислувате, тогаш запрашајте се зошто е тоа така.

Извор:Лејдибук

To top