Размислувате да ја обновите врската со поранешен дечко? Во многу ретки ситуации тоа е добра идеја, најчесто бидејќи сигурно сте имале добра причина да раскинете
Но, сепак има неколку ситуации кога можеби инстинктот не ве лаже, особено ако со дечкото сте се разделиле, а не сте раскинале поради некоја непремостлива разлика. Како и да е, ова се петте ситуации што укажуваат дека можеби е добра идеја да се смирите со бившиот:
Мислите на него во важни моменти
Ако помислувате на него во моменти што ви се навистина важни, тоа значи дека ви недостига и сакате со него да ги споделите тие значајни настани и мигови. Преиспитајте се дали бил тука за вас во минатото во такви неповторливи мигови и како сте се чувствувале тогаш.
Се обидувате да го направите љубоморен
Ако смислувате начини да го направите бившиот љубоморен, тоа значи дека уште ви е важно што мисли за вас. Ако го имате преболено, тогаш нема да се грижите за неговото мислење. Убаво размислете дали ви е потребен тој или само сакате да бидете „победникот“ во играта „кому му е подобро по раскинувањето“.
Ги споредувате другите мажи со него
Ако сите потенцијални партнери ги споредувате со него (а не со другите бивши) и никој не може ни „да му се доближи“, јасно е дека уште имате длабоки чувства за него. Можеби е време да престанете да му барате замена и или да се смирите со него или едноставно да бидете сами некое време.
Ви недостигаат ситниците
Нормално е по раскинувањето да ви недостига генералното чувство дека сте во двојка, големите моменти и спомени што ги имате со таа линост. Но, ако ви недостигаат ситници, како израз на лицето, фраза што често ја користел, песна што му била омилена… тоа се знаци дека ви недостига личноста, а не врската, а тоа значи дека ако и тој се чувствува така, може да си дадете втора шанса.
Извор: Кајгана.мк