Љубов и Секс

Дали аналниот секс е опасен?

Дали аналниот секс е опасен?

Точно е дека тој е распространет не само кај хомосексуалните двојки туку и кај хетеросексуалните врски.

Да, аналниот секс е безопасен, но само при определени услови. Еве ги одговорите на најчесто поставуваните прашања кога се работи за ваквиот полов чин:

Има ли опасност да го повредам анусот при анален секс?
Да, има, особено ако ви е првпат. Затоа е много важно да го подготвите анусот за пенетрација со помош на лубрикант и анален дилататор. Исто така е задолжително партнерот да биде многу внимателен при пенетрирањето. Внимание: ако направите клизма пред сексот, може да предизвикате воспаление на внатрешната страна на анусот. Затоа најдобро е да одите во тоалет пред сексот бидејќи клизмата може да резултира со несакани последици.

Може ли да добијам инфекција?
O, да. Јасно е која е функцијата на анусот така што во неговата внатрешност има навистина многу бактерии. Затоа е задолжително да користите заштитни средства при аналниот секс. Златното правило е дека нема враќање назад. Кога партнерот веќе пенетрирал одназад , немојте да го пуштате однапред. Во спротивно, можете да добиете некоја тешко излечива инфекција. Една од најчестите е бактериската вагиноза.

Може ли аналниот секс да има трајни последици?
Ако практикувате анален секс без презерватив, вие сте изложени на повисок ризик од зараза со ХИВ вирусот. Доколку често го практикувате аналниот секс , можно е да се соочите со исклучително непријатен проблем : фекална инконтиненција ( неможност да га задржите изметот) поради нарушената функција на мускулатурата на сфинктерот. Ваквата состојба е предизвикана од постојаното ширење на овој дел од телото. Ако забележите дека столицата ви протекува , привремено запрете со аналниот секс.

Какви се симптомите кои укажуваат дека повеќе не смеам да практикувам анален секс?
За да избегнете несакани ситуации и проблеми, запрете со практикување анален секс кога наместо да ви носи задоволство, чувствувате само болка. Морате да бидете сигурни дека партнерот е навистина внимателен и ве слуша во текот на љубовната игра и пенетрацијата.

извор:нетпресс.ком.мк

To top