Дури 81 процент од мажите велат дека повеќе ја сакаат жена после афера.
Верувале или не, дури две третини од прељубниците тврдат дека се во среќна врска, иако ги изневеруваат своите партнери. Само 33 отсто од луѓето кои се во врска и го изневеруваат партнерот признаваат дека се во несреќна врска.
Интересно е што студијата во која биле опфатени 2.000 прељубници открила дека жените почесто од мажите изјавиле дека сè уште се во среќен брак – дури 71 отсто од жените, додека 63 отсто од мажите го изразиле истото мислење.
Уште пофасцинантно, мажите тврдат дека аферата дури и ги подобрила нивните бракови – 81 отсто од мажите го кажале тоа, додека 72 отсто од жените го изразиле истото мислење.
Иако признаваат дека го изневеруваат партнерот, 94 отсто од нив би биле бесни доколку откријат дека и нивниот партнер го прави истото, покажало истражувањето.
Претходната анкета на 900 испитаници откри интересни податоци за изневерувањето. Имено, некои испитаници имале љубовници и за време на бракот, односно во моментот кога се венчале. Повеќето од нив биле мажи – во дури 64 проценти од случаите.
Истражувањето покажа изненадувачки податоци:
-
- 1,8 проценти од луѓето имале афера за време на бракот
- 2,55 проценти признале дека подеднакво се грижат за партнерот и за личноста со која изневеруваат, па ги продолжиле двете врски
- 3,27 проценти продолжиле да се гледаат со друга личност една година откако се венчале
- 4,23 проценти од прељубниците ја прекинале аферата пред да се венчаат, бидејќи се плашеле дека партнерот ќе дознае
- 5,5 проценти ја продолжиле аферата долго време по стапувањето во брак (некои и подолго од пет години).
Извор: Кајгана.мк