Пушењето цигари после секс се смета за нешто софистицирано со децении наназад, особено во филмовите и сериите, но сепак, вистината е сосема поинаква.
Правата вистина е дека палењето цигара после секс е всушност многу лошо, не само за здравјето, туку и за самиот секс.
Некои хемикалии што ги содржат цигарите можат да дејствуваат како вазоконстриктори. Само помислете на вазектомија – тоа е постапка низ која поминува мажот со цел да се елиминира неговата можност да ја забремени жената.
Еве за што станува збор:
Протокот на крв е клучен за создавање на ерекција, а бидејќи цигарите ги стеснуваат крвните садови, многу помалку крв достигнува до пенисот и всушност, станува помал отколку што треба.
Постојат и многу други проблеми поврзани со пушењето цигари како што се отежнато дишење и намален капацитет на белите дробови – сето тоа може драстично да го расипе сексот.
Влијанието на цигарите…
Едно истражување покажа дека само 2 цигари можат негативно да влијаат на ерекцијата кај мажите, но исто така и дека мажите кои страдаат од еректилна дисфункција се често пушачи, или поранешни пушачи.
Ако следниот пат сакате да запалите цигара после секс, запомнете дека може да биде и последен пат да го имате, односно да сте во состојба да го имате.
извор:попара.мк