Александар Милиќ Мили се најде „во небрано“, поточно во центарот на скандалот откако се дозна дека композиторот наводно и праќал пораки на водителката Јована Јеремиќ. Сето тоа било откриено за време на утринската програма, кога случајно во кадар влегол телефонот на водителката.
Имено, Александар Милиќ Мили и неговата сопруга Нина со години важат за еден од најскладните бачни двојки на српската естрада, но по пораките кои излегоа на површина, нивниот брак може да биде сериозно загрозен.
Имено, на социјалните мрежи одекна веста дека Александар Милиќ Мили наводно ја изневерува сопругата со Јована Јеремиќ.
Се’ започна кога телефонот на водителката Јована Јеремиќ беше фотографиран за време на емисијата „Викенд утро“.
Кога фотографијата беше зумирана во Инбокс, меѓу првите се најде и пораката за која се смета дека е на Мили, поради името и сликите кои неодоливо потсетуваат на познатиот композитор член на жирито на “Ѕвездите на Гранд“.
„А, може и спа ако ти е до опуштање… Многу нудам, не чини“ – стоеше во пораката, по чие објавување набрзо следеа коментари на социјалните мрежи:
„Дали овој Мили од Милиграм е фатен на дело како ја изневерува жената со ‘пресветата’ Јована Јеремиќ, која е позната како личност која јавно открива љубовни афери, а сега и самата се вплеткала во една таква“? Ако е вистина, тогаш исто како да извршила љубовно „самоубиство“!
Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda/jeremicjovana