Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ Џејла Рамовиќ ги напушти студиите во Шпанија за да работи на својата музичка кариера.
Џејла е многу барана и настапува речиси секој викенд. Таа на последниот настап, докажа дека сериозно се разликува од колешките со својот стајлинг.
За разлика од многу пејачки, Рамовиќ за своите настапи не носи комбинезони, трико, мини здолништа и друго. Џејла пред настапот го покажа својот аутфит – каде носи бела долга кошула, над која облекла елек и го искомбинира со чизми на потпетици.
Инаку, Џејла Рамовиќ зборуваше и за здравствените проблеми поради кои таа се оперира.
– Решив проблем кој ме мачи со години. Операција на коленото – готово! – напиша тогаш Џејла Рамовиќ на Инстаграм.
Фото:Принтскрин/Инстaгрaм/Џејла Рамовиќ