Дури за време на шестиот поглед таа проценува дали тој е потенцијален партнер
Кога станува збор за заљубување, мажите дефинитивно имаат предност.
Поточно, тие водат во однос на времето што им треба за женска личност да им се допадне.
Можат веднаш да се заљубат.
Така велат британските истражувачи.
Сепак, научниците тврдат дека кај жените е побавно и дека им требаат најмалку шест погледи.
Првиот поглед трае околу пет секунди. Жената, во меѓувреме, гледа во бојата на очите и изразот на лицето на мажот што го сретнала.
Следува вториот поглед кој трае десет секунди. За тоа време, го проценува неговиот стил, гардеробата и колку е уреден.
Третиот изглед, од пет секунди, е насочен кон неговата коса, четвртиот на рацете, а петтиот на чевлите.
Дури после тоа, кога ќе дојде шестиот поглед, долг 15 секунди, таа проценува дали тој е потенцијален партнер, засновано врз однесувањето, одот и невербалната комуникација.
извор: попара.мк