Без разлика колку е цврста вашата врска, секогаш постои можност да дојде до конфликти во неа и тоа е нормално. Но, кога партнерите често се критикуваат едни со други, влегуваат во расправии и постојано се лути меѓу себе, тоа може да значи дека нешто не е во ред.
Ако на вашиот партнер му сметаат овие четири раобти, дајте му до знаење дека тешко ќе останете во хармонична врска или брак.
1. Постојано критикува како изгледате
Ако вашиот партнер постојано го критикува вашиот изглед, време е да ја преиспитате вашата врска. Критиката на сметка на работи кои не можат да се променат како нос, величина на гради или висина во овој случај е напад на вашата самодоверба. Тоа не само што е навредливо туку е и одраз на непочитување.
2. Го критикува вашето семејство
Родителите, браќата и сестрите, дали вашиот партнер постојано ги критикува луѓето кои ви се најблиски? И овде важи истото, критикува нешто што не може да се промени. Ова исто така претставува непочитување на вашето семејство. Тоа си е ваше семејство, не е важно дали нему му се допаѓа или не. Секако тоа не значи дека не смее да изрази конструктивна критика или предлог, но за тоа треба двајцата да разговарате, а не да трпите навреди.
3. Вашите лични карактеристики
Вие сте тоа што сте, не може да го промените начинот на кој сте воспитани или настаните коишто сте ги доживеале. Сите тие работи денес се дел од вашата личност. Вашиот партнер би требало да ве сака со сите ваши недостатоци, навики. Некои од вашите лични особини се вашата религија или култура, ако вашиот партнер отворено покажува одбојност или напад кон одредени фактори, потребно е да бидете внимателни. Секако дека може да се разговара, но ваквите сериозни критики не се основа за љубовна врска.
4. Вашата кариера
Ако партнерот ја критикува вашата кариера, висина на плата или тоа што го работите, тоа не е добар знак. Вашата кариера и работа се лично ваши, вие стоите зад тие цели. Без разлика дали се високи или ниски, финансиската ситуација во овој случај има значајна улога. Ако разликата во животниот стандард е многу висока поради различните професии тоа преставува проблем за партнерот и за жал придонесува за долгорочни проблеми во врската.
извор: кајгана