Љубов и Секс

Четири работи кои никогаш нема да се променат во вашата врска

Четири работи кои никогаш нема да се променат во вашата врска

Под влијание на емоциите често се лажеме себеси и живееме во заблуда дека некои работи во врската, кои ве мачат, со текот на времето ќе се променат.

Сепак, тоа никогаш нема да се случи, а психолозите ги издвојуваат четирите најчести примери:

1. „Нашите големи разлики ќе се избалансираат“

Иако разликите понекогаш се големи и би требало да постојат, доколку се преголеми и ве ставаат на спротивставени страни кога станува збор за важни животни прашања, со текот на времето тоа секако ќе предизвика тензии кои ќе се претворат во поголеми проблеми и многу веројатно ќе доведат до раскинување.

2. „Можам да го сменам дури и ако тој не сака“

Не се залажувајте. Не можете да промените некој што не сака да се промени. Дури и да се случи промена, другата страна, која не ја сакала таа промена, на крајот ќе почне да ви замерува.

3. „Работите ќе се подобрат со текот на времето“

Оптимизмот е одличен, но ако треба да се залажувате на самиот почеток на врската, бидејќи ситуацијата не е многу сјајна, мора да бидете свесни за фактот дека ситуацијата многу веројатно нема да се промени на подобро. Уште повеќе, ќе се влоши.

4. „Никогаш нема да најдам некој како него“

Ова не е вистина. Освен тоа, опасно е да воздигнувате некого толку многу, особено ако се соочувате со проблеми. Веројатно сте заљубени во идеја која не е реална и би можеле да се разочарате.

извор:попара.мк

To top