Можеме да ја доживуваме силата на различни начини, но онаа што е навистина скапоцена е онаа емотивната. Кога велиме силен маж, мислиме на човек со големо срце, кој знае да се бори за себе и да ги оствари своите соништа.
Еден цитат од античкиот филозоф Конфучи јасно открива како да се направи разлика помеѓу силен и слаб човек:
„Силен човек бара од себе, слабиот – од другите“
Еве детална анализа за тоа како можеме да ја користиме оваа порака во животот и што таа претставува:
Слабите бараат виновници во блиската и подалечната средина, но никогаш во себе. Секогаш се жалат на другите, секој им правел неправда и никогаш не преземаат одговорност за себе. Само силна личност сфаќа дека тоа е самоизмама и во исто време замка за себе.
Силните помалку ги обвинуваат другите, не гледаат смисла во тоа. Разбираат дека тоа не е конструктивно и нема да донесе резултати. Човек кој е емотивно и ментално силен едноставно не е навикнат да се жали на некого или нешто, туку бара начини, опции, сака да се подобри, да се грижи за сопствениот живот.
Во предизвикувачка ситуација, силна личност ќе си ги постави следниве прашања и ќе се погрижи да најде одговори на нив:
Што можам да направам во оваа конкретна ситуација?
Дали дадов сѐ од себе или има други опции?
Дали го направив тоа добро, квалитативно или пак можам уште?
Какви ресурси имам, а кои треба да се заострат
Силните луѓе го прават она што зависи од нив – не можеме да контролираме сè околу себе, не можеме да влијаеме на сè по ред. Но, самоуправувањето е во нивна моќ. Силен човек не значи семоќен, но тој е подготвен да се соочи со предизвик и никогаш не се откажува од борбата. Сака да носи независни одлуки во својот живот, да биде одговорен за нив. Знае што сака и знае дека има многу сила да го постигне тоа, па неговиот пат најмногу води до успех.