Љубов и Секс

Четири основни причини зошто многумина глумат оргазам

Четири основни причини зошто многумина глумат оргазам

Околу 80% од луѓето барем еднаш во животот одглумиле оргазам, покажа истражување на интернет страницата Kinkly која се занимава со промоција на секс, едукација и продажба на секс помагала.

Анкетата ја пополниле над 1200 луѓе, кои одговориле и на прашањето колку често не се искрени кога станува збор за оргазмот и зошто така постапиле.

Резултатите покажале дека 87% од жените во еден момент одглумиле оргазам, во споредба со 69% од мажите. Жените исто така редовно се преправаат дека доживуваат оргазам околу 37% од времето, додека мажите тоа го прават 9%.

Дури 74% од испитаниците биле уверени дека тоа го прават толку добро што партнерот не забележува дека лажат.

Кога станува збор за искрен оргазам, жените признале дека редовно го доживуваат околу 70% од случаите, додека кај мажите процентот е поголем, односно 86%.

Одделиле четири најчести причини за глумење оргазам:

– Не сакале нивниот партнер да се чувствува лошо.
– Поради желба сексуалната средба побрзо да заврши.
– За подобро партнерот да се чувствува.
– Поради чувство дека од нив се очекува да заврши сексот и покрај тоа што бил сексуално задоволен.

Во текот на анкетата, 62% од луѓето рекле во текот на секс и двајцата партнери секогаш треба да доживеат оргазам. Од страницата се обидуваат да им објаснат на луѓето дека сексуалните средби постојат поради желбата за уживање, а дека оргазмите не се показател на добар секс.

Сексот не е само оргазам, тоа се сите уживања и задоволства кои се доживуваат до доаѓањето на таа точка. Сметаат дека луѓето треба повеќе да се опуштат и престанат да глумат оргазам и да гледаат како на нешто што ете мора да се случи по секоја цена, пишува Health.

Извор: Кајгана.мк

To top