Во текот на денот, сите комуницираме многу повеќе отколку само со изговорените зборови – изрази на лицето, гестови, молк и слични невербални сигнали.
Говорот на телото честопати може да има силно влијание врз нашата врска.
Ако мислите дека можеби си ја уништувате врската или забележувате дека врската со партнерот станала нездрава, тоа може да биде затоа што сте престанале да зборувате, го земате вашиот партнер здраво за готово, сте престанале да го слушате или го игнорирате.
Има четири начини на кои можеби го повредувате партнерот без да кажете ништо лошо или навредливо.
Молк
Молчењето е техника кон која многумина прибегнуваат во врските кога партнерот прави нешто за што треба да биде „казнет“. Со зборовите дека сè е во ред и дека нема проблеми, вибрациите што ги испраќа една личност најчесто го „пресекуваат“ партнерот кој направил нешто погрешно затоа што ја знае вообичаената енергија.
Во овој „метод“ се користат „техники“ како разни погледи „преку рамо“ и му се испраќа порака на партнерот, со игнорирање и молчење: „Те сакам само кога правиш сѐ што е на мој начин, ако не, ќе платиш“.
Глумење жртва
За оние кои сакаат да имаат контрола без да испаднат дека се „контрол фрикови“, оваа техника е една од омилените.
Прво ќе го „пецнат“ партнерот на тема што знаат дека го вознемирува, па ќе се прават дека ништо не кажале, а после преку негодување ќе гледаат да ја наведат водата на нивната воденица. Попатно ќе се жалаат за било што, само за да бидат тие „жртвата“.
Вечно незадоволни, ваквите луѓе се „хранат“ на енергијата на партнерот.
Емоционален силеџија
Емоционалните силеџии не признаваат „не“ за одговор и кога немаат аргумент му создаваат на партнерот толку многу притисок што тој на крајот ќе попушти. Други „техники“ што ги користат емоционалните силеџии се: малтретирање, држење предавања, паметување и гледање од високо.
Ускратување
Овие луѓе им откриваат на партнерите само она што тие сметаат дека треба да се знае, а остатанатото го чуваат за себе со цел да ја задржат контролата.
Ова се постигнува со темпирање на кажаното и ускратување на она што му треба на вашиот партнер, а тоа се љубов, наклонетост и внимание.
„Техники“: гледање во телефонот додека партнерот ви зборува нешто, преправање дека го следите разговорот, а всушност не ве интересира што зборува другата личност.
Вибрациите што на тој начин му се испраќаат на партнерот се: важно е она што го кажуваш, ама нема да те слушам затоа што сум лут/а и нема што да направиш во врска со тоа, затоа ќе направам сѐ што можам за да се чувствуваш лошо додека јас не се чувствувам подобро.
извор: кајгана.мк