Никогаш не можеме со сигурност однапред да предвидиме дали некој ќе биде неверен и дали ќе го изневерува партнерот или не. Дури откако тоа ќе се случи, можеме да размислуваме за тоа, заклучокот е дека човечкото однесување не е предвидливо според моменталната состојба.
Сепак, постојат бројни истражувања и податоци кои даваат статистички информации за луѓето кои изневеруваат. Според тоа, можат да се одвојат типични карактеристики на луѓето кои вршат прељуба.
1. Екстровертни се
Истражување од 2021 година спроведено од страницата за запознавање Ashley Madison, учествувале 2.100 прељубници, а повеќето од нив се оцениле како екстроверти. Тоа можеби и не е некое изненадување, интровертните луѓе обично најдобро се опуштаат кога се сами, аферата за нив би била повеќе товар отколку задоволство.
2. Првородени во семејството
Во истото истражување е откриено дека повеќето прељубници биле најстари браќа и сестри, 39% од испитаниците биле првородени, 29% помлади и 24% негде во средина меѓу постарите и помладите браќа и сестри. Само 8% од испитаниците во истражувањето биле единци.
3. Ниска самоконтрола
Истражување спроведено од Универзитетот Каролиина во 2020 година, сугерира дека прељубниците не само што тешко одолеваат на сексуалните искушенија, туку општо покажуваа и пониско ниво на самоконтрола.
4. Препознатливи црти на лицето (кај мажите)
Кај истражување објавено во 2019 година во Royal Society Open Science,научниците откриле дека мажите кои изневеруваат обично имаат впечатливо мажествен облик и црти на лицето, на пример силна вилица, впечатливи веѓи, тенки усни.
Во истото истражување, научниците не пронашле значајна поврзаност меѓу изгледот и верноста кај жените.