Ние сакаме континуитет и сигурност во нашите односи. Што ќе правиме со некој што се појавува и исчезнува од нашите животи без предупредување?
Сепак, има доволно мажи, но и жени, кои другите ги третираат како бумеранг. Како по правило, тие не мислат лошо, затоа што не размислуваат за своите постапки, односно за нанесување болка на другите.
Овие се пет карактерни особини што ги карактеризираат „бумеранг луѓето”:
Тие се незрели
Тие размислуваат и се претпазливи како двегодишни деца: тие ги гледаат само нивните потреби и се концентрирани исклучиво на задоволство. Преземање одговорност? Нема шанси! Единствената разлика: двегодишниците го доживуваат тоа кога нивниот пријател плаче затоа што овој ја срушил кулата што ја изградил од коцки. Тие учат од фактот дека не можат само да уништат нечии кули затоа што тоа ги прави другите тажни. Бумеранг луѓето бегаат кога некој ќе започне да плаче…
Тие размислуваат само за себе
Ние немаме ништо против здрав дел од егоизмот – но бумеранг-луѓето претеруваат во тоа! За нив, другите луѓе за жал се само станици каде што застануваат за кратко и потоа продолжуваат понатаму. Откако ќе заминат, тие веќе не размислуваат за тоа.
Тие не се способни за врска
Речиси е невозможно да се воспостави долгорочен, стабилен однос со бумеранд човек. Ова бара еднакви интереси, обѕир и подготвеност за компромис. И, тие јасно не се способни за тоа.
Тие ве искористуваат
Тие секогаш сакаат да имаат корист од другите и ќе направат се’ за да ја исцедат вашата енергија.
Не можете да им верувате
Следното е јасно: не можете да сметате на важвите луѓе под никакви околности. Доаѓаат и си одат кога тоа им одговара, а не кога ви требаат. Единствената сигурна работа за нив е нивната несигурност.
За нив, вие (веројатно) сте само опција
Бумеранг-луѓето обично се обидуваат да задржат повеќе луѓе на тивок оган. Дури и кога ќе ви кажат дека сте единствената, најверојатно може да сметате дека не сте!
Вие заслужувате многу ПОВЕЌЕ
Животот е краток, а нашата сила е ограничена – затоа треба нашето време и енергија да им го посветиме на луѓето што го заслужуваат тоа. Секако, можете да поминете забавна вечер со бумеранг-тип, но само ако сте во такво расположение. Како и да е, да го отворите своето срце и навистина да му се предадете, за тоа треба да ги поставите стандардите многу повисоко – на крајот на краиштата, вие сте повеќе од една станица.
Извор: Курир.мк