Сајтот за состаноци „IllicitEncounters.com“ анкетираше илјадници мажи и жени за да ги открие нивните сексуални навики, како и ставовите кон спротивниот пол.
Бринетите се најдобри љубовници, фантастични се во кревет – изјавиле 58 отсто од нив. Кога станува збор за неверство, 54 отсто сметаат дека на него најмногу се склони русокосите, додека 26 отсто од испитаниците гласале за бринетите, 12 отсто за црнките, а само 8 отсто се убедени дека тоа се црвенокосите жени.
Најважната особина за да завршите со некој во кревет е смислата за хумор – изјавиле 91 отсто од испитаниците. Една четвртина од жените признале дека би спиеле со маж кој не им е толку привлечен доколку знае да ги насмее. Три четвртини од жените и 63 отсто од мажите откриле дека нивните најдобри љубовници се очајни танцови партнери.
Повеќе од една третина од испитаниците (36 проценти) откриле дека срамежливите луѓе со кои излегувале испаднале сосема спротивно кога се нашле зад затворени врати – целата срамежливост исчезнала.
извор: попара.мк