Радио Милева

Бремената Ана Севиќ ја откажа венчавката: „Документот не ми е важен за среќа“

Бремената Ана Севиќ ја откажа венчавката: „Документот не ми е важен за среќа“

Бремената Ана Севиќ повторно очекува девојче. Иако ужива во деновите на бременоста, свадбата со нејзиниот иден сопруг Даниел беше откажана поради пандемијата на коронавирус.

Познатата пејачка посочува дека сè е во најдобар ред и дека се чувствува одлично. Како што вели, втората бременост е многу различна од првата.

– Се чувствувам одлично, сè оди во најдобар можен ред и е сосема поинаку отколку во првата бременост. Едно комплетно ново искуство, ми кажаа сите мајки, дека секоја бременост е искуство само по себе, но навистина уживам во тоа – вели Ана за „Блиц.рс“ и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA SEVIC OFFICIAL (@anasevicofficial) on


– Некако сè е поинаку, жените кои се мајки знаат за што зборувам. На почетокот имав многу гадење, сега сум супер, помина тоа. Затоа, уживам сега.

– Документот за брак за мене е апсолутно неважен за среќа затоа што знам, од претходното искуство, дека тоа за жал не значи ништо во денешно време, не го предвидува тоа што порано беше бракот. Сепак, јас и Даниел сакавме да имаме свадба и да славиме со нашите семејства.

– Сè беше планирано за лето, пред пандемијата, но ситуацијата е таква што не е време луѓето да се соберат и да ризикуваат, па затоа ја откажавме прославата. Здрајве Боже, ќе има причина да славиме.

To top