Радио Милева мириса на љубов

Бранува од убаво на срцето: Даниел Кајмакоски гордо се пофали колку му е рај на душа со новата сопруга и синчето (фото)

Бранува од убаво на срцето: Даниел Кајмакоски гордо се пофали колку му е рај на душа со новата сопруга и синчето (фото)

Ако пред да се ожени по вторпат беше доста резервиран за објави на социјалните мрежи, откако ја побара раката на својата сакана, а наскоро потоа стана и татко по вторпат, Даниел Кајмакоски е се поактивен на социјалните мрежи.

Кајмакоски како да сака да викне на сиот глас колку многу му е убаво на душата со втората сопруга Марина, а сега тоа дополнително стана уште послатко откако добија и синче.

Овој пат пред своите следбеници и пријатели на Инстаграм насмеан и видно среќен покажа неколку фотографии од првиот заеднички летен одмор со наследникот Стефан кој наполни три месеци.

„Создаваме убави спомени“, напишал тој под фотографиите.

Иако Даниел не ја откри летната дестинација за годишниот одмор, пејачот објави неколку фотографии од семејната идила на кои се гледа неговиот син Стефан и втората сопруга чија приватност вешто ја крие.

Инаку, Стефан се роди во април годинава, а пејачот веќе го има и синот Давид со поранешната сопруга Кристина Димитри.

Во моментов Кајмакоски живее во Белград со сопругата и синот.

фото:Инстаграм принтсккрин/Даниел Кајмакоски

To top