Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем се на пат да се „судрат“ во исклучително редок феномен, кој што не е виден од средниот век.
Јупитер и Сатурн ќе се приближат толку на 21 декември што ќе изгледаат како двојна планета, а потоа небото ќе го осветлува Божиќната или Витлеемската ѕвезда.
Овој неверојатен феномен ќе изгледа како една супер светлосна точка на Земјата.
„Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, се случува еднаш на секои 20 години, но оваа врска е исклучително ретка поради тоа колку планетите ќе изгледаат блиску една до друга, изјави за Форбс, Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс, додавајќи дека би морале да се вратите во зората на 4 март 1.226 година за да го видите усогласувањето помеѓу овие објекти видливи на ноќното небо.
Ѕвездата која што ги донесе трите кралеви до Исус
Многумина теоретизираат дека легендарната ѕвезда во библиската приказна за тројцата мудреци кои дошле да го посетат Исус по раѓањето и дека тоа би можело да биде ретката конјукција на Јупитер, Сатурн и Венера.
Оваа неверојатна појава во историјата, позната како „Божиќна ѕвезда“ или ‘‘Ѕвездата на Витлеем“ според Евангелието по Матеј (Матеј, 2, 1-12) е ѕвездата што ги донесе трите Свети кралеви во Витлеем, каде што се роди Исус.
Овој феномен ќе може да го види цел свет
Ретката појава, инаку позната како „Божиќна Sвезда“ не е видена веќе 800 години. Според Форбс, оваа појава нема да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година. Целиот свет ќе има можност да види и да фотографира.
Орбитите на Јупитер и Сатурн се на една линија на секои 20 години и двете планети се доближуваат многу една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека орбитата на Сатурн трае 30 години.
Експертот за астрономија, Патрик Хартиган, објасни за Форбс дека врската меѓу двете планети е навистина многу ретка и дека луѓето навистина ќе имаат среќа да видат таков феномен.
Врските помеѓу овие две планети се многу ретки, се случуваат еднаш на секои 20 години или нешто повеќе, но оваа врска е исклучително ретка заради фактот колку близу ќе се појават Јупитер и Сатурн, вели експертот.
Извор: ВЕЧЕР.ПРЕСС