Психолозите тврдат дека бојата на женската долна облека може ја покаже нејзината страст во креветот, но и нејзиниот карактер.
Психолозите откриле дека изборот на бојата на женската долна облека открива многу за тоа каква е таа во креветот. Британското истражување кое го спровела Donna Dawson покажало дека моментално е во мода таканаречениот „гол“ стил на долена облекаА, односно веш со боја на кожата.
Dr.Dawson тврди дека тој стил им одговара на младите жени и девојки кои сакаат нешто опуштено, природно и безгрижно.
Од друга страна пак, поизразените и појаки бои ја откриваат врелата енергија под чаршавите. Така на пример, црвената боја на долниот веш, открива жена која во сексот е страствена, енергична и драматична.
Долниот веш со розеникава боја го носат жени кои се романтични, нежни и желни за внимание. Тие се женствени и секогаш бараат некој да ги води.
Црната боја ја означува силата, суптилниот шарм и длабоката страственост, а ја носат индивидуалистки и јаки жени. Спротивно на неа, белата боја на долен веш, за жената зборува дека е невина, но отворена за нови предлози и искуства.