Радио Милева Кога мајка ќе ти посака среќа

Близнаците Мартин и Стефан од „Некст тајм“ слават роденден, а мајка им Сузана им го честиташе на најубав начин: Разгледница од спомени за своите синови (ВИДЕО)

Близнаците Мартин и Стефан од „Некст тајм“ слават роденден, а мајка им Сузана им го честиташе на најубав начин: Разгледница од спомени за своите синови (ВИДЕО)

Близнаците Мартин и Стефан од  братското музичко дуо „Некст тајм“ со своите стилизирани преработки на најпознатите македонски песни со патриотска содржина, ги освоија срцата на публика не само во Македонија, туку и ширум светот кај македонската дијаспора… Од Америика и Канада до Нов Зеланд  и Австралија.

Нивниот албум „Мајка“ на кој се најдоа споменатите песни го доби токму тој наслов заради неговото симболично значење. Нивната родна земја – мајка Македонија и нивната мајка Сузана, жената која ги родила како двете најважни и единствени мајки во нивните животи. Зашто како што мајка може да ги сака своите чеда, не може никој друг… Македонија веќе покажа дека тоа е така, а за нивната мајка Сузана излишно е и да се трошат зборови. Впрочем, со последниот свој гест таа тоа само уште еднаш, по кој знае кој пат и ќе го потврди.

Имено, нејзините близнаци  Мартин и Стефан денес, 20 септември 2023  слават роденден… 37-от по ред! Веќе зрели мажи, едниот од нив – Мартин однеодамна и оженет, но за нивната мајка, впрочем како и секое чедо за својата, вечно ќе останат нејзини деца! Затоа таа решила роденденот покрај останатото, да им го честита и јавно, на социјалните мрежи и тоа  на најубав начин. Со видео- разгледница од спомени за своите синови!

Во неа Сузана ги вткала некои од најубавите и најемотивни моменти од детството па се до денес на нејзините близнаци.  Кадри од првите родендени, кога Мартин и Стефан биле уште многу малечки… Преку првите нивни детски фестивалски и ТВ настапи…  Па се до овие денови, кога нејзините близнаци как братско дуо „Некст тајм“ се едни од најголемите македонски музички ѕвезди.

„Среќен роденден мили мои, Ви благодарам што ме правите среќна и што чекорите по правиот пат“ – напишала гордата мајка покрај постот во кој е споделена нејзината роденденска видео честитка.

Славениците видеоподарокот од нивната мајка го преземале и исто така го постирале на својата официјална Инстаграм страница, покрај кој во описот додале: Денес е наш ден!!! Денес е нашиот Роденден!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Фото: Фејсбук/Suzana Filipovska/Инстаграм/nexttimeband

To top