Радио Милева сродни души за „идеална двојка“?

Бившата српска НБА ѕвезда Марко Јариќ по разводот од Адријана Лима, со Милица Тодоровиќ… а можната причина, шокантна? (ФОТО)

Бившата српска НБА ѕвезда Марко Јариќ по разводот од Адријана Лима, со Милица Тодоровиќ… а можната причина, шокантна? (ФОТО)

Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна ја раскина врската со актерот Петар Стругар, за што се пишуваше со денови, а сега, како што пишуваат тамошните медиуми, заедничките пријатели на фолкерката и бившата српска НБА ѕвезда, Марко Јариќ се обидуваат да ги спојат, бидејќи сметаат дека би биле „идеална двојка“.

Имено, поранешниот српски кошаркар еднаш пред своите пријатели рекол дека популарната пејачка е убава и дека би сакал да ја слуша во живо, а оттогаш нивните заеднички пријатели размислувале како да сковаат план обајцата да ги се соберат на исто место, за да се видат и запознаат“ –  пишува порталот „Озборувања“.

„Двајцата се сами, и тоа е греота затоа што се одлични личности. Тие се некако спонтани, сакаат да се дружат, забавни се. Се чини дека тие би биле идеална двојка“ – рекол еден од заедничките пријатели, и додал:

„Сега е малку незгодно заради коруната  да се поканат и двајцата барем да се сретнат, па ако „им кликне“ – супер, ако не, никому-ништо… Но, тоа сигурно ќе го организираме некогаш“.

Имајќи предвид дека Јариќ беше оженет со светски познатата манекенка Адријана Лима, со која има и две ќерки, се шпекулираше дека поранешните сопружници се помириле, но како што се вели во извадокот за горенаведениот портал, тоа не е точно.

„Имаше неколку стории во медиумите дека Марко бил повторно со Адријан Лима, но тоа не е точно. Останаа пријатели поради децата, но тоа е сè. Нема хемија меѓу нив. Марко е сам, нема девојка, а исто така знаеме дека Милица е слободна, па затоа би било убаво нешто да се случи на тоа поле… Кој знае, никогаш не знаете која е чија сродна душа“?

Но покрај можната спојка на двета славни „сродни души“, вистинското прашање е од каде и  зошто токму Милица би мопжела да му се допаѓа на на Марко? Оможниот одговор го пронајдовме помеѓу неговите фотографии објавени на Инстаграм.

Милица Тодоровиќ физички неодоливо потесетува на мајката на Марко Јариќ. Особено сличноста е евидентна на постаритре фотографии, кога таа била во помлади години, каде многу повеќе во ликот личи на фолк пејачката.

По сето ова, прашање е дали можеби оттаму и не е поривот за љубовна романса на кошаркарот со фолкерката?

Фото: Инстаграм принтскрин/milicatodorovicofficial/marko_jaric10

To top