ТВ водителката Билјана Дебарлива заедно со сопругот традиционално како и секога година и покажаа на јавноста дека ја слават љубовта, а овој месец октомври прославија 28 години откако си ветија вечна љубов.
Најпрвин Јован сподели фотографии од нивната романтична вечера, а потоа фотографиите ги сподели и убавата Биле.
Љубовниот жар и по речиси три децении заедно е присутен во нивниот поглед, насмевка упетена еден на друг.
Вечера со музика во ресторан покрај плажа и здравица во име на љубовта, тој наздрави со чашка ракија, а таа со бело вино.
На социјалните мрежи ги објавија фотографиите и се пофалија за овој убав и важен датум во нивниот живот.
Во една прилика за медиумите Дебарлиева откри како се заспонале со сопругот.
-Во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес, кажа своевремено водителката за „Женски магазин“.
Билјана и Јован од бракот го имаат две деца, ќерката Ана и синот Марко со кои како што вели има близок, пријателски однос.
За потсетување, Билјана неодамна по 11 години направи трансфер од Канал 5 телевизја и премина во 24ТВ каде сега ја води емисијата „Фактор здравје“, а за потомената кажа дека добила комплетна поддршка од семејството.
фото:Фејсбук/Инстаграм/Билјана Дебарлиева