Според некое непишано правило, за годините на припадничките од понежниот пол не се зборува, бидејќи на секоја возраст жената си носи своја убавина.
ТВ водителката Билјана Дебарлиева важи за една од најубавите познати дами, кај која годините како да немаат никаква улога.
Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува. Оваа 2017 година направи промена на себе, ја скрати косата, почна пред камери да носи очила, а со тоа дополнително ја нагласи својата посебност и она што и го дала мајката природа.

За себе вели дека грижата за надворешниот изглед и здравјето и се приоритет, а дека тоа е така, очигледно е на прв поглед.
Денес оваа македонска убавина полни 45 години, а во продолжение погледнете го колажот фотографии направен низ времето и проценете колку се промени Биле.
