Овие две школски другарки од ОУ Невена Георгиева – Дуња во Кисела Вода, некогаш делеа исти училишни клупи и тоа од забавиште и основно училиште. Двете се иста генерација, а денес делат јавна професија, додуша сосема различна, но и двете се пред камери.
Едната секојдневно, а другата повремено кога снима телевизиски проекти.
Можеби веќе погодувате, а можеби и не… Девојчето со шишките во црвеното комплетче е ТВ водителката Александра Пановска Илиевска која ја гледате од утринската на Канал 5, а претходно ја паметите од кулинарското шоу „Брза кујна“.
Нејзината школска, денес актерка или девојчето со бела кошула и црно елече, е познатата актерка Емра Куртишова или попозната како Исаура од „Преспав“.
Емра кога не ја снима „Преспав“ или други телевизиски проекти, младта театарска публика ја гледа на даските што живот значат од „Театарот за деца и млади“ во Скопје.
Александра на Инстаграм го објави овој спомен од детството и моментите кои никогаш не се забораваат, а за Вистина прати уште една фотографија и со нас ја сподели и поврзаноста со Емра.
-Тоа ми се едни од најубавите спомени. Да, така е. Со Емра завршивме заедно, бевме во исто одделение и во забавиште, ни кажа Александра.
Освен ушилиштето, спомените од детството, јавната професија, ги поврзува и мајчинството, односно тоа дека и двете имаат ќерки.
Александра ја има Сара која наскоро ќе полни три години, додека Емра неодамна ја доби ќекичката Лена.
Дали ќе ги следат чекорите на своите мајки или на тато, па и тие ќе се одлучат за нешто слично, има време, но крвта не е вода, па и примерот кој имаат.
фото:Инстаграм принтскрин/Александра Илиевска/Емра Куртишова