За да го задржите мирот во домот, подобро е некои работи воопшто да не ги спомнувате.
Иако меѓусебната доверба и искрената комуникација се клучни за успехот на врската, постојат работи за кои едноставно не се зборува.
Звучи како клише, но во некои случаи тишината е навистина златна.
Дури и ако се чувствувате виновно што нешто премолчувате од партнерот, имајте ги на ум последиците што би ги предизвикале доколку кажете сè што ви паѓа на памет.
Пет работи кои е подобро да ги премолчите заради мирот во домот:
Мислењето за неговите или нејзините родители
Прашањето за родителите на партнерот е особено чувствително и тука треба да се биде внимателен. Ако му кажете дека не ви се допаѓа неговата мајка или татко, само ќе создаде непотребна тензија меѓу вас. Ваквите зборови од партнерот само ќе болат, па замислете како би било кога ситуацијата би била обратна, советуваат брачните терапевти.
Работи од минатото
Сосема е добро да споделите некои работи од минатото, но треба да знаете каде е линијата. Партнерот не треба да знае што сте правеле со бившиот и не се препорачува да ги споредувате. Со тоа само ја омаловажувате вашата врска и давате до знаење на вашата поубава половина дека не е доволно добра.
Коментари за домашните работи
Нема потреба да ги миеш садовите или да ги собереш алиштата, тоа ќе го направам сам/а – овие зборови, иако навидум бенигни, всушност го ставаат партнерот во неповолна положба. Го третирате како дете и му давате до знаење дека ништо не може да направи како што треба.
Број на сексуални партнери
Брачните терапевти предупредуваат дека е најдобро да не се споменува бројот на сексуални партнери со кои сте спиеле пред да стапите во врска. Зборувањето за тоа може да предизвика немир во врската, па дури и да го натера партнерот да се премисли. Сето ова најчесто е последица на стравот дека партнерот ќе испадне или премногу или премалку неискусен на тоа поле.
Коментари за изгледот
Ќелавост, висина или влакнетост – тоа се работи на кои не може да се влијае и подобро е да се премолчи за нив. Партнерот може да помисли дека сакате да го промените, дека не ве привлекува или дека не е доволно добар за вас. Тие зборови можеби ќе звучат како критика, па затоа е подобро да ги избегнувате.
Извор:Курир.мк