Љубов и Секс

Астролозите тврдат: Ова се најсреќните и најнесреќните датуми за венчавка во 2023 година

Астролозите тврдат: Ова се најсреќните и најнесреќните датуми за венчавка во 2023 година

Паровите кои сакаат да запловат во брачните води следната година, сигурно веќе започнале да го планираат својот најсреќен ден.

Доколку не можете да се одлучите за датумот на вашата венчавка, можеби астрологијата ќе ви помогне. Според тврдењата на астролозите, 3 датуми се особено среќни во 2023 година, а еден треба да го избегнувате.

Најсреќни датуми за венчавка во следната година се 5-ти февруари, 17-ти јули и 14-ти октомври.

5 февруари 2023 година
Според зборовите на астролозите, на овој датум ниту една планета не се движи ретроградно, што е посебен благослов, но е и полна Месечина што е исто така многу добро.

Периодот на полна Месечина со сите планети кои се движат директно е особено среќен за почетокот на брачната заедница.

17 јули 2023 година
Астролозите тврдат дека 17-ти јули е датум кога Месечината и Сонцето се во Рак, што укажува на нераскинлива љубовна врска. Затоа, паровите кои се особено фокусирани на семејство и деца треба да размислат за овој датум бидејќи тој упатува на близок однос полн со заедништво и слога.

14 октомври 2023 година
Уште еден среќен датум во 2023 година ќе биде 14-ти октомври бидејќи на овој датум ќе се случи затемнување на Сонцето. Месечината и Сонцето ќе бидат во знакот на Вага, знак на партнерство и рамнотежа, што ќе ја донесе потребната хармонија во брачниот живот. Овој датум е многу значаен поради тоа што затемнувањето на Сонцето се случува само еднаш годишно.

Најнесреќниот датум за венчавка е 2 септември
Во 2023 година постои само еден датум кој не треба да го изберете за денот на вашата венчавка бидејќи е најнесреќен. Станува збор за 2-ри септември бидејќи Меркур на овој ден ќе биде ретрограден, а тоа носи компликации и кавги помеѓу партнерите.

извор:точка.ком.мк

To top