Дојде време да започнеме да размислуваме за модните комбинации кои ќе нè стоплат, но не е на одмет истите да бидат и совршено стилски усогласени.
Експертите откриваат кои се боите кои ќе го направат секој стајлинг префинет и полуксузен. Постојат некои тонови кои сами по себе асоцираат на моќ и луксуз, па доколку сакате да оставите впечаток на вистинска дама, бирајте парчиња во овие нијанси.
Кафеава боја
Модните експерти велат дека кафеавата е новата црна и дека е дозволено да ја комбинирате со сите останати бои.
Боја на сенф
Оваа топла боја ќе внесе малку ведрина во тмурните денови, а воедно ќе направи секој аутфит да изгледа елегантно. Особено убаво им прилега на бринетите и црвенокосите жени.
Зелена боја
Зелената е боја која се поврзува со елеганција и моќ, а само едно парче во зелена нијанса ќе направи да изгледате феноменално.
Сите нијанси на беж
Беж е боја која одлично им прилега на сите дами и со неа нема грешка. Оваа сезона е особено популарна, па нема да ви биде тешко да пронајдете соодветно парче токму во оваа боја.
извор: кармин.точка.мк