Љубов и Секс

Асексуалност: Не е дијагноза, ниту минлива фаза

Асексуалност: Не е дијагноза, ниту минлива фаза

Сексуалноста е индивидуална работа и секој од нас различно ја доживува. Сосема е нормално да се чувствува сексуална привлечност кон лица од спротивен или ист пол, веднаш по средбата или откако ќе се создаде врска.

Но, ако никогаш не сте почувствувале таква привлечност кон никого, дури ни луѓе со кои би биле во врска или кои се објективно убави за вас – не сте чудни. Едноставно сте асексуалец.

Асексуалноста се дефинира кога поединецот чувствува романтична привлечност кон некого, но не и сексуална привлечност.

– Она што е важно да се нагласи е дека не се работи за незаинтересираност за секс или слабо либидо, туку за сексуална ориентација, исто како и бисексуалноста или хетеросексуалноста – вели терапевтот Паркс.

Иако самиот термин стана популарен дури во 2000-тите, луѓето го користат уште од раните 70-ти.

Се проценува дека меѓу еден и пет отсто од популацијата е асексуална, што можеби звучи како мала бројка, но го нагласува фактот дека во текот на животот веројатно сте сретнале една или две лица кои спаѓаат во овој спектар.

Важно е да се нагласи дека асексуалноста не го исклучува интересот за други луѓе. Имено, луѓето од оваа ориентација се многу способни да развијат чувства, едноставно немаат желба да влезат во сексуална врска.

Исто така, важно е да се истакне дека тоа не значи дека интимните односи се нешто што им е „страшно“, туку дека едноставно се неутрални или незаинтересирани за тоа.

– Асексуалноста често се меша со ниското либидо, што е медицинска дијагноза. Овој термин го карактеризира недостатокот на психолошки интерес за секс, не вклучувајќи ги физичките аспекти и реакции. Тоа не е избор или здравствена состојба – вели Паркс.

Темата е сложена, но наједноставното објаснување е дека асексуалните луѓе можат да се чувствуваат „возбудено“, што значи дека можат да мастурбираат. Некои дури практикуваат секс со партнерот, но не за самиот чин. За некого сексот е алатка за решавање на насобраната физичка напнатост, за некои „правењето услуга“ на партнерот, но никогаш не е желбата таа што ги тера.

извор:popara.mk

фото:shutterstock

To top