Љубов и Секс

Апстиненција од секс – кои се последиците

Апстиненција од секс – кои се последиците

Научниците имаат добри причини да тврдат дека сексуалната интимност е една од најважните компоненти на човечкиот живот.

Иако не сте свесни за тоа, кога ќе престанете да водите љубов, во вашето тело се одвиваат одредени процеси, а исто така експертите велат дека оние кои се во период на апстиненција почесто сонуваат сонови во кои водат љубов.

Живот без секс остава сериозни последици, а ова се дел од нив:

Жените стануваат асоцијални – Кога водите љубов, крвта се полни со одредени хемикалии поради што чувствувате цел спектар на позитивни емоции. Кога ќе му го одземете на телото овој природен процес, ја нарушувате својата внатрешна хемиска рамнотежа. Како резултат на тоа, кај повеќето жени следува депресија, пад на расположението и самодоверба. По долг период на апстиненција, жените воглавно стануваат попребирливи и тешко се впуштаат во нови врски.

Се јавува стрес – Интимноста е еден од природните начини како да се ослободите од стресот. Мигрената, несоницата, недостатокот на апетит и соновите се сигнали кои телото нѝ ги испраќа кога нѝ се потребни промени.

Пад на имунитетот – Интимноста го зајакнува имунолошкиот систем, активирајќи производство на имуноглобин, што ја зголемува способноста на телото да се бори против болестите и создава одбранбен систем. Една научна студија покажала дека имунитетот и сексуалните односи се навистина поврзани.

Ментална нерамнотежа – Сексот ги стимулира менталните активности. Оние кои редовно имаат интимни односи имаат повеќе енергија, додека некои научници тврдат дека во тој случај и концентрацијата и креативноста се на повисоко ниво.

Поголем ризик од срцев удар

Кожата е груба и изгледа лошо

Болките се посилни

To top