Радио Милева „Угорнина“

Антониа ја „фрли мамката“, па сега и од она наводно во приказните за сопругот и стана лошо (фото)

Антониа ја „фрли мамката“, па сега и од она наводно во приказните за сопругот и стана лошо (фото)

Бракот и бременоста на младата пејачка Антониа Гиговска уште на старт беа необични за јавноста, прво од моментот дека од една врска набрзо „рипна“ во друга, следеше бременоста, а во ист ден и запросувањето од нејзиниот колега од бендот кој ја придружува, Роберт Спасенцоски. Во бременста си деде пауза од кариерата, па и откако се породи стана се помалку е активна дури и на социјалните мрежи, а и разбирливо како тазе и неискусна мајка со мало бебенце која е во трка со се’.

Па така, секое нешто ново што и онака е реткост кај неа на Инстаграм, очекувано се коментира од јавноста која пак секогаш е подготвена да каже нешто повеќе за неа. Тука се секако и медиумите кои разбирливо работа им е да ги следат јавните личности, и да си ја работат својата работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Неопдамна Антониа објави статус во кој следбениците ги стави под прашалници во врска во нејзиниот брак, а на медиумите им „фрли мамка“ за инспирација, но под она со префикс наводно и ставено под знак прашалник, што ништо не потврдува и конкретизира, па оттука не може да се стави во категорија на лажна вест.

Имено, естрадната тазе мајка претходно сподели еден цитат во кој се вели:

„Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“!

„Дали крајот вака мириса?“, беа дел од насловите кои осамнаа и разбирливо по ваквата објава се надоврза што се случува со бракот на пејачката која неодамна се омажи.

Антониа најчесто е резервирана кога се коментира и пишува за неа, но овој пат не остана имуна, па објави ново „стори“ за нештата да станат појасни:

-Ги замолувам сите портали без лажни изјави. Роберт е прекрасен сопруг и татко. Нема потреба да се измислуваат приказни од мои сториња, посочи таа ставајќи го сопругот на пиедестал, а со тоа и да даде јасно до знење дека бракот е засега стабилен.

„Стори“ на Инстаграм беше тогаш, а „стори“ е и сега, само со тоа што авторот не се произнесе што сакаше да каже со она дека некој можеби мисли дека не е најдобрата жена на светот? Или ако тазе мајката е помирна, тогаш нека стои за крај дека оваа нечија мисла само и се допаднала, а во бракот нека им биде мед и млеко.

фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска

To top