Соња Пралица, мајката на пејачката Андреана Чекиќ, која неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради врската со колегата на нејзината ќерка, денеска слави роденден.
Нејзината ќерка објави серија фотографии на Инстаграм за да и го честита роденденот а објави и една емотивна порака: „Среќен роденден мамо! Ти посакувам здравје и секогаш да бидеш опкружена со оние што ги сакаш и тие кои те сакаат! Ти благодарам за сета љубов! Те сакам!”.Следбениците на пејачката се придружија на честитките, но и го коментираа изгледот на мајката на Андреа: „Честитки“, „Ова е мајка ти? Личи на сестра ти“, се само дел од пораките за изгледот на Соња.
View this post on Instagram
Да потсетиме, мајката на Андреана неодамна се најде во центарот на вниманието кога беше фотографирана додека јаде со своето ново момче, победникот на музичкиот натпревар „Никад није касно“ Амер Ченгиќ Ченг.Андреана тогаш им правеше друштво, а судејќи по тоа, очигледно е дека и се допаѓа новиот избраник на нејзината мајка.
Фото: Принтскрин/Инстаграм /Андреана Чекиќ/E -stock