Пејачката Ана Севиќ неодамна се породи и ја роди ќерката Сена.
Ана сега сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира во лифтот заедно со бебето.
Пејачката не сакаше нејзините следбеници да видат како изгледа нејзината ќерка, па го покри лицето со стикер.
„Љубов моја“, напиша Севиќ покрај фотографијата, а она што беше забележително е дека Ана е во топ форма по породувањето.
Да потсетиме, Ана Севиќ од бракот со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, а сега ја има и малата Сена со нејзиниот партнер Даниел Недељковиќ.