Ана Севиќ и Данијел Недељковиќ го проширија семејството минатата година кога им се роди синот Симеон, а парот ја има ќерката Данијела, додека пејачката од првиот брак со Дарко Лазиќ ја има наследничката Лорена.
Своето семејно гнездо го направија во Врачар, каде петчленото семејство ужива во луксузен дом, а сега по повод роденденот на Ана покажаа дел од нивниот приватен рај.
Ана се грижела нивниот дом да биде подреден за децата, па не претерувала со детали, туку се погрижила се’ да биде пространо и удобно.
Луксузниот стан на убавата пејачка неодамна беше реновиран, па парот реши да изгради базен во централниот дел на станот, кој можевме еднаш да го видиме на нејзиниот Инстаграм.
– Ана отсекогаш сакала да има спа -центар во својот дом, а Даниел уште пред да се породи почнал да работи на луксузен стан во Врачар.
– Се трудеше се’ да биде направено додека Ана не излезе од болница, а се проценува дека за тој луксуз платил речиси 50.000 евра. Ана летово ќе може да ужива на базен со ќерките и синот во приватноста на својот дом, што многу и значи затоа што Симеон ќе биде мал за некои понатамошни дестинации – изјавил пред извесно време извор близок на пејачката.
фото:Instagram printskrin