Радио Милева штркот слета во семејното гнездо

Александар Николоски стана татко: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговата сопруга Александра добија син

Александар Николоски стана татко: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговата сопруга Александра добија син

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски стана татко. Тој и неговата сопруга Александра добија син. Радосната вест преку социјалните мрежи ја објави токму Николоски. Тој на својот Фејсбук профил  обзнанувајќи го доаѓањето на нивното машко чедо на свет, кусо напиша:

„Денес ја добивме најголемата радост! Се роди нашиот син Јосиф Николоски! Сопругата Александра и јас, како и цело семејство пресреќни!“ – споделил Николоски.

Николоски се ожени со својата животна избраничка Александра во јуни 2018 година. Елегантната и романтична  венчавка се одржа во кругот на најблиските, роднините, пријателите, колегите… на која младите ја прославија својата љубов.

Инаку,  Александра Николоска, моминско Димитриеска по потекло е исто така од Охрид, додека нејзина професионална определба е економијата. Дипломирала и магистрирала економски науки во Љубљана.

Александар Николоски  беше претседател на УМС во период од 2004 до 2008 година и повеќе од 12 години член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и еден од најблиските соработници на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

To top