Многу врски и бракови се засноваат на здрав и активен сексуален однос. Сексот е многу важен за модерните односи, а намалување на вредноста на сексот во доживотната романса е голема грешка.
Затоа е многу важно да обрнете внимание на малите навики кои вашиот партнер ги има во спалната соба. Начинот на кој ве третира во сексуалното опкружување може да биде одличен показател колку сте всушност компатибилни како пар и покажува колку навистина ве сака и колку сака да ги задоволи вашите лични потреби и очекувања.
Ова се 8-те работи кои, доколку ги прави во спалната соба, се добар показател дека е вистински “материјал за женидба”.
Постојано ве бакнува
Бакнежот е супер. Не само што е најефикасниот начин за подигнување на расположението туку е и најдобрата работа која паровите можат да ја направат со своите усни, покрај разговорите. Доколку вложува многу време и труд во бакнувањето, тогаш знајте дека покрај вас имате човек кој искрено ве обожува.
Никогаш не ве присилува да правите нешто што не сакате
Тој ве почитува како човечко сушствество и не ве гледа само како предмет за сексуално уживање. Доколку вашиот партнер ве гледа како зрела личност која има потполна контрола над она што треба да прави со своето тело, тогаш сте вистинска среќничка.
Не брза во предиграта
Тој разбира дека уживате во предиграта и сфаќа дека на жените им е потребно многу повеќе време за да се возбудат за разлика од мажите. И секогаш ќе се труди да се чувствувате исполнето и среќно за време на сексот.
Ве прашува дали ве задоволува она што го прави
Постојано сака да сте активен соучесник во сексот и да му кажете што сакате во текот на односот. Тој не сака да биде себичен, земајќи потполна контрола поголемиот дел од времето.
Ви дозволува да му лежите на градите кога ќе завршите со односот
Сака да ви биде удобно и суптилно ви дава до знаење дека во него секогаш можете да најдете утеха и сигурност и дека секогаш ќе биде еден вид “засолниште” за вас.
Отворено зборува за своите сексуални фантазии
На мажите не секогаш им е лесно да зборуваат кога станува збор за чудните сексуални фантазии. Сè уште постои одредена ранливост кога ќе се одлучите да ги откриете своите сексуални преференции – дури и кога станува збор за некој со кого веќе имате длабок однос. Но, доколку тој си дозволува да биде ранлив со вас во таа смисла, тоа е секогаш добар знак.
Останува и по завршување на сексот
Само затоа што завршил со односот, не значи дека завршил со вас. Она што е најважно е тој да сака да поминува време со вас.
Вложува многу труд за да биде сигурен дека сте го “достигнале врвот”
Ова е веројатно најважната ставка на оваа листа. Вашиот партнер сака да биде сигурен дека не е единствениот кој добро се забавува и сака да ви пружи целосно чувство на задоволство.
извор: Курир.мк