Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на 21 јуни се заколнаа на вечна љубов, а нивната свадба предизвика големо внимание, па се уште се пишува за неа.
Синот на Лепа Брена, на „Инстаграм стори“ сподели една фотографија од корисник на истата социјална мрежа и слатко се насмеа.
„Ако сакате кралска свадба пријавите се на Ѕвездите на Гранд. Брена има уште два сина“, стои во објавата, а корисникот мисли на тоа што Пријовиќ ја започна кариерата во ова музичко шоу, а Стефан и Виктор се слободни момчиња.