Љубов и Секс

Ако партнерот ви го постави ова прашање, веројатно размислува за неверство

Ако партнерот ви го постави ова прашање, веројатно размислува за неверство

Неверството е една од најчестите причини поради развод или раскинување, а луѓето честопати не се свесни колку размислуваат за тоа.

Според анкета спроведена од интернет страница за запознавање, 41 процент од луѓето кои се во врска признале дека размислуваат за изневерување, а дури 64 проценти од нив биле изневерени.

Причините за неверство се бројни и се разликуваат од човек до човек. Така, истражување спроведено од Ashely Madison, спроведено во 2018 година, покажа дека 52 проценти од луѓето кои изневеруваат тоа го прават бидејќи сметаат дека партнерот не е физички во добра форма. На некои изговор за неверство им е тоа што партнерот не им посветува доволно внимание.

Ова прашање би требало да ви даде до знаење дека партнерот сака промена, но и дека размислувал доволно долго да се охрабри и да ја започне темата.

Еден маж во истражување објаснил дека почнал да си ја изневерува жената кога сфатил дека не се сексуално компатибилни.

„Секогаш сум бил многу внимателен и сакам да разговарам за сексот и за работи кои би можеле да ги пробаме, но таа тоа не го сака. Секогаш е затворена околу таа тема“, вели тој.

Не изневеруваат само мажите. Социологот Алисија М. Вокер го истражува неверството кај жените и вели дека жените кои навеле дека изневеруваат е поради брак без секс или брак во кој има секс, но нема оргазам.

извор: кајгана