Ако штотуку сте се запознале со партнерот, а вашиот инстинкт ви кажува дека нешто не е во ред, не игнорирајте го. Обидете се да ги забележите предупредувачките знаци што покажуваат дека тој можеби не е добар за вас. Или уште полошо, знаците што може да укажуваат на психичка злоупотреба или на токсичен однос. Овие 7 знаци ќе ви откријат дали сте во токсична врска.
1. Никогаш не бил во сериозна врска
Иако некои момци сакаат опуштени врски или секс без обврски, не е баш пожелно тој никогаш да не бил во врска.
Можеби звучи одлично на почетокот, но немојте прерано да се радувате.
Ако вие сте неговата прва вистинска девојка, тогаш тој веројатно нема да знае што е и што не е прифатливо во врската. За работите да бидат полоши, тој можеби не е ни подготвен целосно да ви се посвети.
2. Не ви се допаѓаат неговите пријатели
Пријателите на вашето момче можат да ви кажат многу за него и да ви остават впечаток како тој се гледа себеси. На пример, ако се дружи со еден куп сексисти, можеби ќе се смета себеси за многу подобар од вас. Ако го поминува своето време со интелектуалци, можеби постојано ќе споделува еден куп мудрости.
Иако не треба да судите за партнерот само според тоа какви се неговите пријатели, важно е да забележите дали се лоши или не.
Од друга страна, ако нема блиски пријатели, тоа би можело да значи дека тој не е многу друштвен или пријателски расположен. Можеби никој не се дружи со него затоа што тој е лош или можеби му недостасуваат социјални вештини. Во секој случај, бидете внимателни.
3. Тој е секогаш ѕвезда
Ако вашето ново момче е главниот комичар во друштвото, можеби нема да ви се допадне тоа што ќе го прочитате. Ако тој секогаш може да ве насмее, има 1000 пријатели на Фејсбук и никогаш не одбива да излезе со пријателите, можеби ќе имате проблеми со него.
Таквиот животен стил не е добар за стабилна врска. Не само што ќе треба да се грижите што прави во пијана состојба, туку ваквите мажи сакаат внимание и обично се опкружени со еден куп жени.
Ако сте љубоморни, врската со таков маж само ќе ве измачува.
4. Не ги почитува другите
Излегувате на вечера и тој е груб кон келнерот, некој ќе го изнервира додека вози и вие од неговата уста ги слушате најгрдите коментари што можете да ги замислите. Ако тој не ги почитува другите, можеби еден ден и кон вас ќе се однесува на истиот начин.
Да излегувате со некој што има недостаток на почит и љубезност не е многу добра идеја. Честопати може да ви биде непријатно кога сте заедно во јавност.
5. Тој е неодговорен
Кога првпат го запознавте тој беше вработен, но сега кога сте заедно, откривате дека тој бил невработен со месеци. Ако тој не е одговорен, вие ќе треба да се однесувате како да сте негова мајка.
Излегувањето со некој што не поседува мотивација и одговорност може да биде фрустрирачко, а големи се шансите дека неговиот незаинтересиран став ќе влијае на вашата врска. Ако не можете да сметате на него кога ќе ви затреба, можеби ќе бидете разочарани.
извор: попара.мк