Љубов и Секс

Ако мажот ви ги поставил овие две прашања, големи се шансите да ве изневерува

Ако мажот ви ги поставил овие две прашања, големи се шансите да ве изневерува

Кога сте заљубени и сè во врската функционира, веруваме дека изневерувањето е последното нешто што ви паѓа на ум.

И, во тие моменти, сигурно не ви паѓа на памет дека еден ден би можеле да бидете измамени.

Сепак, вистината е дека, за жал, постои можност тоа да се случи.

Не постои човек кој во тие моменти не се запрашал дали можел некако да го предвиди тоа.

Кога сте во врска со саканата личност, последното нешто што ви паѓа на ум е изневерувањето.

Според статистичките податоци, во просек, секоја втора анкетирана личност изневерува или планира да го изневерува својот партнер. И затоа, обрнете внимание затоа што има сигнали кои укажуваат дека може да се случи измама.

Некои од сигналите се овие две прашања кои обично следат непосредно пред чинот на измама.

Може ли да пробаме нешто ново во кревет?

Иако изгледа прилично невино, емоциите зад ова прашање се многу длабоки. Без разлика дали сте свесни за тоа или не, тие се акумулираат во него и прашање на време е кога ќе експлодира. Сексот е важен во секоја врска, а сакале да признаете или не, на мажите им е поважен отколку на жените и поради тоа се подготвени да заборават што имаат со вас. Така, доколку не вложувате во вашата интимност и не сте подготвени да експериментирате со нови работи, голема е веројатноста вашиот сакан тоа да го побара на друго место.

Може ли почесто да водиме љубов?

Не постои волшебна формула која ќе ви каже колку често треба да водите љубов со вашиот маж, но ако на ова прашање одговорите негативно, голема е веројатноста дека тој ќе ја бара на друго место таа компонента која недостасува во вашата врска. Затоа што да потсетиме, не сите мажи кои ги изневеруваат своите девојки се незадоволни во врската со нив, тие едноставно сакаат нивниот сексуален живот да биде поисполнет.

Извор: Попара.мк

To top