Некои луѓе „дивеат“, други се почувствителни, а некои тоа го прават користејќи помалку или повеќе јазик.
Сите тие се прекрасни начини за да му покажеме на партнерот или партнерката што навистина чувствуваме кон него или неа.
Меѓутоа, бакнежот со вашата драга и сакана личност може да открие дали таа има сериозни намери со вас или не.
Значи, јасен знак дека премногу ве сака и сака да биде постојано со вас е: ако за време на бакнежот ви ги стави рацете на лицето.
Имено, допирање по лицето е нешто навистина интимно. А доколку сега мислите дека бакнувањето е доволно интимно – допирањето по лицето на целата интимност ѝ дава поинаков „зачин“.
За другата страна тоа е една голема предност, бидејќи со тоа докажуваме дека навистина во целост ѝ се препуштаме на саканата личност.
извор: точка.мк