Љубов и Секс

Ако ги имате овие симптоми, тогаш сте алергични на секс

Ако ги имате овие симптоми, тогаш сте алергични на секс

Тешко е да се препознаат алергиските реакции за време на сексот, бидејќи некои симптоми, како што се тешко дишење, забрзано срцебиење и зголемено потење, се вбројуваат меѓу нормалните појави во текот на сексуалните игри.

Но ако ги занемарите алергиите на секс, тие може да се влошат понатаму и да остават трајни последици на вашиот сексуален живот.

Линдзи Доу, клинички сексолог, тврди дека алергиите на секс ги вклучуваат следните симптоми: отежнато дишење, осип, вагинално пецкање, оток, стегање во градниот кош, дури и губење на свест, дијареја и повраќање.

Линдзи Доу составила список на знаци на кои треба да обрнете внимание…

Најчестиот алерген
Спермата е најчестиот алерген. Да, може да бидете алергични на машката сперма, но научниците сè уште не се сигурни дали жените реагираат на спермата генерално или само на одредени мажи. Во основа, протеинот во урината активира алергиска реакција, болка и пецкање.

За да одбегнат алергиска реакција, жените што се пречувствителни на сперма треба да инсистираат на употреба на кондом во текот на сексуалниот однос. Но проблем е кога парот сака да зачне бебе. Тогаш, препорачливо е постапно изложување на алергенот, додека телото не се навикне и не развие отпорност или, пак, вештачко оплодување. Инаку, алергиите на спермата најчесто се прогресивни, па симптомите се влошуваат колку почесто личноста е изложена на алергенот.

Дали се чувствувате болно по оргазмот?
Во ретки случаи, луѓето може лошо да реагираат на сопствената семена течност, што се нарекува „orgasmic illness syndrome“. Симптомите се слични на грип, а се јавуваат непосредно по ејакулација. Растечен нос, отежнато дишење, главоболка, болки во мускулите и грозница се само некои од симптомите, кои медицината многу ретко ги поврзува со сексот.

Алергични на контрацепција
Околу три милиони луѓе во Америка се алергични на латексот од кој се изработени кондомите, но и многу други сексуални производи. Симптоми на алергија на латекс се вагинална иритација, пецкање и чешање. Ако реакцијата се појавува секогаш по сексот со кондом од латекс, обично во рок од еден ден, а трае еден до четири дена, најверојатно се работи за алергија.

Проблем е тоа што на декларациите честопати не го пишува составот на производот. Освен тоа, многу кондоми содржат и некакви лубриканти, па алергиската реакција не мора да е предизвикана од латексот, туку од лубрикантот. Глицеринот во лубрикантите, на пример, може покрај алергиска реакција, да поттикне и габична инфекција.

Лубрикантите со вкусови или оние кои предизвикуваат ладење и загревање содржат адитиви кои не се добри за женското тело. Состојката во кондомите која ги убива сперматозоидите исто така е еден од најчестите алергени.

Многу жени покажуваат симптоми на пречувствителност и на други контрацепциски средства. Забележани се чести алергиски реакции на бојата од контрацепциските пилули и на етилен-винил ацетатот од контрацепцискиот прстен. Проблемот не е во хормоните, туку во „споредните“ состојки на кои честопати не обрнуваме внимание.

Понекогаш алергиската реакција што се јавува по сексот, всушност не била предизвикана од самиот чин, туку од нешто друго што сте користеле, консумирале или нанеле во текот на денот.

Во некои случаи, болката и непријатноста за време на сексот е физички одговор на психолошко искуство, како што е недостиг на доверба во партнерот или во самиот сексуален чин. Тоа, како и кај секоја друга алергија, може да резултира со осип.

Имунолошкиот систем прави сè за да сигнализира дека нешто не е во ред, без разлика дали станува збор за физичко или психичко нарушување.

To top