Радио Милева За машала

Адријана Кеш го смени имиџот, ама длабокото деколте го собра целото внимание (фото)

Адријана Кеш го смени имиџот, ама длабокото деколте го собра целото внимание (фото)

Македонската музичка естрда поради коронавирусот веќе неколку месеци е спречена да има настапи пред публика, реалност со која се соочуваат веќе подолг период.

Непосредниот настап пред публика им е забранет, но не и настапите на телевизија од кои остваруваат контакт преку ТВ екраните, да покажат дека се уште се тука и постојат.

Нова Година и Божиќ не минуваат без новогодишните емисии на телевизиите, а особено учеството на фолк пејачите.

фото:адријана кеш/фејсбук

Па така, деновиве во студиото на Балкан мјузик ТВ се снимаше новогодишна музичка емисија каде се собраа македонските пејачи меѓу кои: Благоја Груевски,Стојне Николова, Стојановски Благојче, Орде Неделковски, Адријана Ацевска и други.

Освен снимањето, пеењето и дружбата, направија и неколку фотографии за спомен од годината која сите чекаме да ја испратиме, но заедно со коронавирусот.

фото:адријана кеш/фејсбук

Дамите секако дека привлекуваа повеќе внимание, но во фокусот беше Адријана Кеш облечена во секси црвено фустанче од кое во фокус беше ултра длабокото и бујно деколте кое го засени и она на колешката Стојне.

фото:адријана кеш/инстаграм

Иако го променила имиџот и ја скратила косата, деколтето на Адријана го собра целото внимание.

To top