Плоштадите и дискотеките и рестораните не се единственото место каде пејачите од српската естрада доаѓаат со цел заработака, пред да дојде до тоа, тие повторно се на македонска адреса, поточно во скопската населба Кисела Вода во студиото на макдонскиот композитор Дарко Димитров.
Неспорен е успехот кој го има музиката на нашиот плоден уметник, а во студиото на Димитров се чека ред за нов хит.
Дека Дарко е хитмејкетот, тоа добро и е познато на македонската естрада, но Србите максимално навалија.
Можеби не сте знаеле, но Димитров во голем дел е автор на музиката или аранжманот, како и продукцијата на песните на: Северина, Емина Јаховиќ, Дино Мерлин, Ана Николоќ, Каја Остојиќ, Александра Радовиќ, хрватската пејачка Јелена Розга, од поновите на Луна Ѓогани и Анастасија Ражнатовиќ и уште многу други…
Дарко не може глава да крене од работа, но кога ефектот и фитбекот е и повеќе од доволен, тогаш инспирацијата и тоа како работи под полна пареа.
Имено, деновиве во неговото студио по парче музичка уметност дојде и пејачот Ацо Пејовиќ кој на почетокот на месец април имаше концерт во Скопје.
По примерот на своите колеги, и тој се реши да му ја препушти довербата за својата нова песна, ако не и цел албум.
-Се подготвува една нова песна и едно сјајно изненадување,пишива Аца.
View this post on Instagram
Моментот додека се во студиото го овековечија со фотографија за спомен, која се најде на Инстаграм профилот кај двајцата.
Јасно како бел ден е дека српската естрада најмногу „жнее“ во Македонија, но „семето е насадено“ повторно кај нас дома!
View this post on Instagram
Инаку, периодов Дарко Дополнително е зафатен во учество во жирито на првото регионално талент шоу со фокус на дигиталните медиуми кои уложуваат милиони евра во нови музички кариери.
фото:Инстаграм/Дарко Димитров,Ацо Пејовиќ,ИДЈ шоу