Фолкерот Аца Лукас неодамна ја објави својата книга „Ова сум јас“ во која откри разни пикантерии од својот живот, како и музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, тој вели дека и на него му вршеле притисок да гласа за некои кандидати и затоа по пет години одлучил да го напушти музичкото шоу.
„И денес луѓето ме прашуваат зошто ги напуштив „Ѕвездите на Гранд“. Едноставно сфатив некои правила кои не ми се допаѓаа. Невозможно е некои луѓе со слух за некој кој знае да пее да велат дека нема појма од пеење или обратно“, пишува Аца во книгата и открива кој момент бил пресуден да донесе одлука.
„Во полуфиналето во последната сезона од кога бев во жири, се познаваше дека постои „намештајка“. Го напуштив снимањето на пола емисија, па ме убедуваа да се вратам. Прифатив под еден услов: да седам, да молчам и да не гласам. Слушнав дека Брена го наговарала Саша да ме исфрли, а тој и одговорил: „Како да го исфрлам кога тој е главен?“. Се исфрлив самиот себе: останав во финалето, но повторно само молчев и не гласав.
Тој открива дека родителите на кандидатите го чекале пред студио, но често доаѓале и до неговиот број.
„Најчесто мајките доаѓаа до мојот број. Не знам како го наоѓаа. Јас сум мајката на Милена. Сигурно сте ја запаметиле. Таа е најубава и најубаво пее. Подоцна, кога започнува натпреварувањето, како и да пее девојката, таа од мене не добива глас. Никогаш не им објаснив на останатите членови на жирито зошто не гласав за некоја талентирана девојка“.
Тој не откри дали другите челнови на жирито потпаѓале под влијание на родителите на кандидатите.
„Никој од родителите не ми понуди пари бидејќи знаат дека не можат да ме поткупат. Не знам како реагирале останатите членови на жирито. Мојата теорија гласи: чесните не прифаќаат принудени понуди, полауспешните не пуштаат неталентиран кандидат да помине, а нечесните прифаќаат и пуштаат неталентираните да поминат. Тоа е тешко да се сокрие бидејќи сите сме во жирито, ако не друго, барем имам сетило за слух“.
Инаку, ова не е првпат Аца Лукас да распали по Лепа Брена.