Радио Милева

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ официјално се разведоа, а таа имаше брутална порака за пејачот

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ официјално се разведоа, а таа имаше брутална порака за пејачот

Пејачот Аца Лукас и Соња Вуксановиќ вчера официјално се разведоа во Третиот суд во Белград.

По излегувањето од судот, Лукас не сакаше многу да коментира ниту да се објаснува туку истакна дека  официјално е разведен.

„Се е во ред. Бракот е разведен“ изјави адвокатот на Лукас.

Тој потенцираше дека ги прафтил сите барања за да нивното дете Викторија биде најсреќно.

Соња не даде изјава на медиумите кои пред судот туку само прокоментира дека е слободна жена и дека сега оди да слави.

Од друга страна, по разводот Соња се огласи на социјалните мрежи и напиша:

„Официјално разведена. Би ти посакала се најдобро, но ти веќе тоа го имаше“ напиша Соња.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, неодамна Лукас удри по неговата сопруга истакнувајќи дека таа му ги дупчела гумите на автомобилот и дека едвај чека да заврши разводот.

Соња и Лукас од бракот ја имаат ќерката Викторија, а пејачот неодамна заплива во нова љубовна врска.

To top