За уживањето во сексот да биде целосно, мораат и „двете страни“ да бидат опуштени. Основниот услов за опуштеност е самодовербата. Во продолжение на овој текст прочитајте како да ја стекнете.
Мастурбација
Со самозадоволување запознајте го сопственото тело, желби и потреби. Ако знаете што ви се допаѓа, лесноќе најдете и начин да го добиете тоа во креветот, а тоа ќе допринесе и за подобар однос со партнерот и поголемо сексуално уживање.
Голотија
Морате да го засакате сопственото тело, со сите недостатоци! Луѓето често се чувствуваат непријатно кога се голи без оглед на тоа дали се сами или пред партнерот. Не е лошо некогаш кога сте сами дома повремено да поминувате некое време без облека. Соблечете се и уживајте во вашето тело!
Сексот како приоритет
Денес сите имаат премногу обврски и многу работат. Во секојдневното брзање сексот често паѓа на листата на приоритети, а вие не смеете да дозволите да се случи тоа!
Совршенство не постои
Прифатете го фактот дека совршенство не постои. Ниту во животот ниту во сексот. Сексот обично не трае со часови, и во реалниот живот се разликува од романтизираната филмска верзија. Во живо се` е помалку измазнето, и секако, подобро.
извор: Курир.мк