Вие и вашиот партнер сте неразделни, но во последно време ретко имате секс.
Секогаш пред сексот ја ставате вашата омилена ТВ серија, некоја нова книга или плаќање на сметки, но доста со ваквите изговори – со овие ритуали, долгогодишните парови успеваат да го одржат сексуалниот живот.
Меѓусебно флертување
Да, дури и ако сте десет години во врска. Упатувајте си комплименти, заведувајте се меѓусебно, бидете таинствени и авантуристички настроени – сето тоа ја одржува љубовната динамика.
Точно одредување на распоредот на активности
Кога мора да се платат сметките, мора да се платат. Но, не три вечери по ред. Во краен случај, направете план на активности – во понеделник се плаќаат сметки, вторник секс, а среда излегување. Понекогаш животот знае да биде навистина едноставен.
Мастурбирање
Дали тоа се вбројува во секс? Да, ако тоа го правите заедно. Договорете се и секоја втора недела практикувајте “соло секс во дует”. Со тоа ќе ги внесете потребните промени во љубовната игра – да не зборуваме за секс играчките, играњето на улоги и Кама Сутра.
Повратна информација
Паровите кои имаат редовен сексуален однос често разговараат за сексот и ги нагласуваат работите кои би биле добри. Експертите многу пати нагласуваат дека комуникацијата е важна за добрите авантури во спалната соба.
Поддршка
Сигурно ви е познато следново: кој има секојдневни проблеми во главата, нема преголема сексуална желба. Поради тоа е добро заедно да ги решавате животните проблеми, односно да му помогнете на партнерот да ги реши. Тоа почнува со мали работи како помош во домашните обврски. Често помага разговор за време на вечерата – за работите кои се случувале во текот на денот, за умот да ви биде “слободен” за поубави работи.
извор:Курур.мк