Љубов и Секс

Колку секс е премногу секс?

Колку секс е премногу секс?

Не постои магичен број кој одредува колку често би требало да имате односи, но….

Ако имате доста често секс, можно е со тек на времето да почнете се помалку и помалкуд а уживате во него – тврди едно ново истражување направено на универзитетот Карнеги Мелон.

Во студијата учествувале брачни парови кои имаат односи или еднаш месечно или не повеќе од три пати неделно, па ради тоа биле поделени во две групи. Едната група требала да ги продолжи своите сексуални навики, додека пак другата група требала двојно да ги зголеми.

По три месеци, паровите кои ги зголеми бројот на сексуални односи, се изјасниле дека повеќе не уживаат и дека им е б станал досаден сексот.

Причината е повеќе од логична: не е воопшто возбудливо да имате точно одреден број на односи кои треба да ги имате за одреден временски период. Токму поради тоа одреден број на  “акции” кои требале да ги исполнат им ја уништиле забавната страна на сексот, објаснува авторот на студијата др Џорџ Левенштајн.

Вие можеби не се трудите да исполните одреден број на сексулани односи како испитаниците, но доколку се трудите да го “зачините” секслуаниот живот за почести односи, грешите.

“Поголемиот број на сексулани односи нема никаква врска со фактот колку уживате во истиот” вели професорката за сексуално едуцурање Деби Хербеник.

“Ако имате чести сексулани односи со партнерот бидејќи двајцата го сакате тоа, само продолжете. Но навистина не е важно доколку имате помал број на сексулани односи од вашите пријатели” – вели таа.

Доколку сакате вашиот сексуален живот да биде постраствен, позабавен, тогаш фокусрајте се на квалитетот, а не на кванитетот. ”Бидете отворени еден кон друг. Не се однесувајте кон вашиот партнер како кон порно ѕвезда, туку напротив како кон човечко суштество кое ви значи” – vвели Хеберник.

Уживајте во друштвото на својот партнер, потикнете ја фанатазијата со добра предигра. Направете еротска атмосфера со помош на миризливи свеќи, купки за двајцата, пуштите фина музика… Направете се за двајцата да уживате и заборавете  да броите колку пати сте имале секс.

извор:боза.мк

To top